МАКЕДОНИЈА

Кучињата скитници „јаболко на раздорот“ помеѓу кандидатите за градоначалник на Гостивар

Проблемот со кучињата скитници во Општина Гостивар овојпат најде место во програмите на политичките партии.

Advertisements

Кандидатката за градоначалник на Гостивар од редовите на ДПА, Рената Елези во „Емисијта 200“ на Алсат, ветува дека ако победи на изборите, еден од првите проекти што ќе ги реализира ќе биде прашањето за станицата каде ќе бидат сместени кучињата скитници, што според неа, ќе реши еден од најголемите проблеми на жителите на Гостивар.

Елези дури и остро го критикуваше актуелниот претседател и во исто време кандидат на Алијанса за градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, дека не го решил ова прашање што датира повеќе години.

„Кучињата скитници се многу голем проблем за граѓаните на Гостивар, има многу случаи кои се пријавени  во болниците, луѓе повредени од кучиња скитници. Беше предвидено во програмата на г. Таравари дека ќе има станица за кучиња скитници, но за жал кучињата скитници сѐ уште се на улица, не се во таа станица. Таму има само едно куче“, рече Елези.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button