ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кумановската група продолжува со штрајк со глад

На третиот ден од штрајкот со глад во затворот „Шутка“ осум затвореници од Кумановската група го радикализираат штрајкот. Според информациите,  штрајкувачите зад решетки одбиле лекарски прегледи и одбиле да се сретнат дури и со службениците на народниот правобранител. Во меѓувреме, надлежните 3 дена не ги земаа предвид барањата на овие осум затвореници. Велат дека затворот Шутка нема надлежност да им ги дава поволностите што ги бараат.

Марјан Спасовски им вети на затворениците дека до 23 мај ќе ги префрли во затворот Идризово, од каде ќе може да добијат право на семејни посети, но не и да си одат дома за време на викендите. Но, рече дека во меѓувреме  овие поволности, ќесе разгледаат врз основа на нивното досие.

Од Министерството за правда, заменик министерот Агим Нухиу рече дека на затворениците ќе им се гарантираат правата.

„Во постојана координација сме со Управата за извршување санкции, денеска имавме координација и побарав да се применат сите права за оваа група, и покрај епилогот од кривичното судење, тие на прво место се луѓе и нивните права мора да се почитуваат до крај“, изјави Агим Нухиу, заменик министер за правда. /Алсат.мк

Аднан Ќаили 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button