РЕГИОН

Курбан Бајрам се славеше низ целиот свет, годинава мерките против пандемијата беа поблаги

Во Косово, главната манифестација на Курбан Бајрам се одржа во Големата џамија во Приштина, каде што поглаварот на Исламската заедница на Косово, Наим Тернава испрати порака за солидарност и единство, истовремено порачувајќи дека Курбан Бјарам е важен празник во исламот.

Во Албанија, централната манифестација се одржа на плоштадот „Скендербег“ во Тирана но и на другите плоштади низ поголемите градови

„Со оглед на сите предизвици во глобализираниот свет, ние што повеќе треба да се приближиме до нашите семејства затоа што семејството е многу важно . Нашите роднински врски треба да се зајакнат што е можно повеќе и треба да ги зголемиме нашите хуманистички постапки едни со други затоа што овој свет припаѓа на сите нас“, изјави Бујар Спахиу, поглавар на ИВЗ на Албанија.

Овој празник се чествува со жртвување жртва, која се дели на сиромашни семејства и со враќање на аџиите од Мека.Овој празник се славеше низ целиот исламски свет во пандемиски, но олеснети рестриктивни мерки.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button