ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Процесот на имунизација против КОВИД 19 значително се забави

Недостатокот на вакцини во земјава значително го забави процесот на имунизација на населението. Во текот на последните две недели на дневна основа со првата доза се вакцинираат од илјада до 1500 граѓани, а не до 15 000 како што се најавуваше.

Пристигнувањето на 500 000 кинески вакцини Синовак кои се очекува да ја променат сликата на моменталната состојба на имунизација требаше да се случи минатата недела, но истите сеуште ги нема никаде. АЛСАТ го праша Министерството за здравство дали има нови рокови за пристигнување на нови количини вакцини, но не добивме одговор. На сите пунктови за вакцинација во земјава, во текот на денот беа дистрибуирани 30.000 вакцини Синовак, кои беа донација од Турција, а има вакцини и Фајзер кои пристигнуваат секој понеделник. Утре,  Грција се очекува да донира 20.000 дози на Астра&Зенека, а се очекува  количина и од  руски Спутник В, за кои нема конкретни рокови кога ќе пристигнат. Досега вакцинирани се околу 442.928 граѓани од вкупно 449.456 регистрирани. Со две дози вакцинирани се  257.000 граѓани. Последните две недели главно се врши ревакцинација на оние кои ја примиле првата доза. Властите најавуваат дека колективниот имунитет ќе се постигне до крајот на летото. Како што се зголемува бројот на вакцинирани лица, бројот на нови случаи на КОВИД 19 продолжува да опаѓа. Во текот на последните 24 часа беа регистрирани 4 нови случаи од 1337 тестирања. Излечени се 14 пациенти, додека едно лице почина. Во последните 24 часа 4 пациенти со компликации од вирусот се хоспитализирани во Ковид Центрите во Скопје. Вкупно 36 лица се лекуваат во инфективните одделенија во главниот град.

Vjollca Aliti

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button