ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На дводневниот самит на НАТО, на кој Северна Македонија учествува за прв пат како членка, се дискутира за стратегијата на Алијансата за следната деценија

Самитот на НАТО се одржува во Брисел, каде ќе бидат утврдени приоритетите на Северноатлантската алијанса за следните 10 години. Ова е прв Самит на кој Северна Македонија учествува како полноправна членка . Премиерот Зоран Заев пред почетокот на Самитот рече дека се надева дека ќе дојде крај и на долгото чекање за интеграција во Европската унија.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, најави  дека многу клучни прашања ќе бидат отворени на тркалезна маса меѓу лидерите на земјите-членки на НАТО. Според него, гео-стратешката цел на НАТО ќе биде да има целосна безбедност и стабилност и во регионот на Западен Балкан.

„Нашата порака е дека вратите на НАТО се отворени. Имаме нови земји-членки од тој регион во последните години бидејќи Северна Македонија и Црна Гора се нови земји-членки, но имаме и партнери во други земји во регионот и сè уште го имаме КФОР на Косово. Во моментов ние сме таму и продолжуваме да помагаме во стабилизирање на регионот.

Самитот на НАТО со учество на претставници на 30 земји-членки ќе трае два дена, а има за цел да ја подготви стратегијата на Алијансата за следната деценија.

Adna Kaili

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button