РЕГИОН

Курти го повика Западот да не врши притисок врз Приштина околу српскиот ентитет

Косовскиот премиер Албин Курти ги повика западните сили да не вршат притисок врз неговата мала балканска земја да прифати спорно здружување на пет општини со мнозинско српско население, што ги зголемува тензиите меѓу Косово и Србија. Курти за Асошиејтед прес изјави дека фокусот треба да биде ставен врз тоа Србија да стане подемократска и да се ослободи од, како што ги нарече, хегемонистичките идеи на Белград.

Advertisements

Курти деновиве рече дека српската влада треба да ја признае независноста на сите поранешни републики на поранешна Југославија со цел „да се соочи со минатото“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button