ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Двајца ученици од Македонија повредени во силниот земјотрес во Турција

Двајца македонски државјани се повредени во разорниот земјотрес од 7,8 степени по Рихтеровата скала што утрово го погоди југоисточниот дел на Турција, соопшти Министерството за надворешни работи (МНР).

Како што информираат оттаму станува збор за двајца ученици, кои заедно со нивниот ментор/наставник биле дел од деветочлена група кои се затекнале во загрозениот регион во Турција, каде престојувале преку програмата „Еразмус плус“.

Македонските претставништва обезбедиле информации и стабиле во контакт со деветте наши државјани.

Во земјотресот, според информациите од МНР, двајцата ученици, чија возраст не е наведена во соопштението, се здобиле со телесни повреди, од кои едниот со потешка.

Од МНР информираат дека ниту еден учениците и менторот не се во животна опасност.

„Нашите претставништва обезбедија информации и стапија во контакт со деветте наши државјани кои се наоѓаат во загрозениот регион. Се работи за осум ученици и нивен ментор/наставник, кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваат во Република Турција. Како последица од земјотресот, двајца од учениците се здобиле со телесни повреди: едниот ученик е со потешки повреди – скршеница на која во моментов работат медицински лица и е во фаза на санирање – додека вториот ученик е со полесни повреди. Ниту еден од учениците и Менторот не е во животна опасност“, се наведува во соопштението од МНР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button