РЕГИОН

Курти нема да ја повлече одлуката за реципроцитет за табличките

Албин Курти изјави дека нема да се откаже од реципроцитетот за привремените регистарски таблички на автомобили од централна Србија и тој став им го пренел на амбасадорите на САД, Германија, Велика Британија, Франција и Италија на состанок во Приштина.

“Во овој реципроцитет за привремени регистарски таблички за автомобили и Косово и Србија се или во право или не. Значи, ние или ќе ги чуваме двата вида регистарски таблички, или ќе дозволиме Косово и Србија да ги отстранат”, рече Курти, пренесен од приштинските медиуми.

Тој додаде дека вчерашната одлука „не е провокација или дискриминација против никого и дека специјалната полиција е присутна на север за да ја заштити граничната полиција и контролните пунктови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button