ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пендаровски патува во Атина во прва официјална посета на претседател на С Македонија на Грција

Шефот на државата Стево Пендаровски на 5 и 6 октомври ќе престојува во дводневна посета на Хеленската Република што ќе биде прва историска посета која ќе се реализира на највисоко ниво меѓу двете држави.

Во вторникот (5 октомври) пред претседателската палата во Атина тој ќе биде пречекан од неговата грчка колешка, Катерина Сакеларопулу, на официјална церемонија со државни и воени почести. Потоа, тие ќе одржат и тет-а-тет средба, а планиран е и состанок на двете државни делегации.

Пендаровски ќе има средби и со премиерот Кирјакос Мицотакис и со градоначалникот на Атина, Костас Бакојанис.

„Во рамки на посетата, претседателот ќе положи венец пред споменикот на незнајниот војник на платото пред Парламентот на Хеленската Република, ќе го посети музејот Бенаки, каде што е предвидено разгледување на архивата на Константинос Доксијадис и ќе оствари средба со амбасадорот на САД во Хеленската Република, Џефри Пјат“, информираа од кабинетот на Пендаровски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button