РАКОМЕТСПОРТ

Лазаров одлучи, со 17 ракометари против Романија

Cелекторот Кирил Лазаров нема да повика нови имиња во репрезентацијата за претстојната ЕХФ недела во која Македонија ќе одигра две контролни средби со селекцијата на Романија на гости. Тоа значи дека експедицијата на нашата ракометна селекција ќе ја сочинуваат 17 ракометари, на ваков потег се одлучи нашиот селектор.

Лазаров неочекувано остана и без Филип Кузмановски, еден од нашите најдобри ракометари. Двете контроли се закажани на 15 и 16 март и тоа во Браила.

Овие средби ќе бидат и тоа како добра подготовка за баражот,  двомечот со Ф. Острови за пласман на СП 2025 година, кој е закажан за мај.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button