ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Лажни дојави за бомби низ училишта, молови, па и полициска станица

Лажни дојави за бомби низ училишта, молови, па и полициска станица

Два трговски центра, транспортен центар, полициска станица, станбено-деловен комплекс и седум средни училишта во Скопје беа евакуирани поради лажни дојави за бомби.

Заканите преку електронска пошта биле испратене во 09:30 часот, по што биле преземени мерки за евакуација на граѓаните и учениците. Вработените што ги сретнавме пред зградата на трговскиот центар Ист Гејт не беа многу загрижени.

Дали сте вработена овде? Да. Колку часа сте излезени? Еден час. Кој ве извести и како? Полицијата. Како ја прифативте оваа вест? Едноставно се навикнавме на овие бескорисни пораки, рече една работничка.

Во моментот на евакуацијата во објектот имало мал број граѓани.

‘Во 10:30 дојдоа и ни рекоа дека мораме да излеземе надвор бидејќи има бомба. Во тој момент бевме истрауматизирани бидејќи не знаевме што ќе се случи. Излеговме и сите се собравме овде, полицијата ни рече да останеме од другата страна. Мислам дека е лага, но Господ нека ни е на помош. Фала богу беше утро, немаше многу граѓани“, рече една работничка.

МВР подоцна информираше дека по извршените проверки било констатирано дека се работи за лажни тревоги, како оние од изминатите денови во другите училишта во Скопје. Раководителите на институциите продолжуваат со истрагите поврзани со овие закани, кои според нив, се дел од сајбер нападите за ширење на страв и несигурност во земјава./Alsat.mk

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button