КОШАРКАСПОРТ

Лејкерси го забележаа и вториот пораз на стартот од сезоната

Во дербито на Лос Анџелес, Клиперси како гости ги совладаа Лејкерси со резултат 103:97. Во победата на Лос Анџелес Клиперс, по пауза од 16 месеци се врати еден од најдобрите играчи во лигата, Каваи Ленард. Ленард од клупата го започна натпреварот, што е прв пат по 2013 година кога беше играч на Сан Антонио Спарс.

Kај Клиперси најефикасни беа Пол Џорџ и Џон Вол со по 15 поени. Лејкерси го забележаа вториот пораз на стартот од сезоната и навестија уште една болна сезона за своите навивачи. Hајефикасен во тимот предводен од Дарвин Хем беше Лони Вокер со 26 поени, Ентони Дејвис постигна 26 поени, додека Леброн Џејмс стигна до 20 поени.

Милвоки ја победи Филаделфија во неизвесна завршница, откко испушти двоцифрена предност во последниот период. На крајот, во последната минута Филаделфија имаше два поени откако сигурен од линијата за слободни фрлања прецизен беше Пи Џеј Такер, но Милвоки „преживеа“ со тројката на Весли Метјуз и кошот на Брук Лопез. Ова беше втор пораз за Сиксерси на стартот од сезоната.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button