КОШАРКАСПОРТ

Лејкерси излегуваат од кризата, Антетокунмпо повторно ги спасува Бакс

Бруклин Нетс ја прекина серијата на 12 победи, откако беше поразен од Чикаго со 121-112, во меч со многу емоции. Дурент постигна 44 поени, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот на Нетс, додека тројца играчи на Булс постигнаа преку 20 поени (Вучевиќ 21 поена и 13 скока).

Трета победа во низа за Лејкерси кои се стремат кон пласман во плејофот. Екипата од Калифорнија го победија Мајами со 112-109. Иако не играа Леброн и Дејвис, Лејкерси победија, а тој што ја направи разликата беше Шродер со 32 поени.

Вообичаениот Jанис Антетокунмпо повторно го спаси Милвоки од пораз, реализирајќи при тоа „трипл даб” (30 поени, 21 скока и 10 асистенции) во победата над Торонто со 104-101. Шампионскиот тим на Голден Стејт е поразен на домашен терен од Детроит со 121-119 (Богдановиќ 29 поени), додека Мемфис победи со 130-107 против Шарлот (Морант 23 поени).

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button