ЗДРАВСТВО

Лек „Трикафта“ за 12 пациенти со цистична фиброза

Лекот „Трикафта“ за 12 болни од цистична фиброза утрово пристигна на Клиниката за детски болести. Двајца пациенти се во тешка состојба на пулмологија, а лекарите велат дека ни терапијата не се знае дали ќе помогне за подобрување на нивната здравствена состојба. За овие 12 пациенти е обезбедена терапија за една година. Ќе се прима еднаш месечно на Детската клиника во Скопје.

Advertisements

„Министерството за здравство во соработка со надлежните институции го реши најитното прашање на оваа категорија пациенти и очекуваме преку оваа терапија значително да се подобри квалитетот на животот на пациентите со цистична фиброза“, рече Фатмир Меџити – министер за здравство.

Пациентите со цистична фиброза веќе со месеци од државата го бараат лекот Трикафта. Тие дури протестираа кога кон средината на февруари почина пациент со оваа ретка болест, чекајќи државата да ја обезбеди терапијата. На национално ниво од оваа болест боледуваат 130 пациенти. Цистичната фиброза е генетско заболување кое сериозно ги напаѓа белите дробови и панкреасот и напредува со текот на годините.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button