ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Летна гужва на границите – иселениците доаѓаат во Македонија, а тукашните одат кон Грција

Иселениците кои во летниот период се враќаат во Македонија ги преплавија граничните премини на северот на земјава. Но, колони има на речиси сите премини. Гужви денеска имаше на Блаце, за влез во Косово, на Прешево за влез во Македонија од Србија и на Богородица за влез во Грција. Полни беа сите колони. Вчера од Грција во земјава влегле околу 5.000 патници, а во истиот период кон таа земја заминале 5.200 лица, од кои околу 2.000 биле државјани на Македонија. Пораздвижено е на граничниот премин Табановце. Само вчера таму во земјава влегле над 13 илјади патници.

„Тоа го покажуваат и податоците на граничниот премин Табановце. Од 13.632 патника, 4 366 наши државјани оствариле влез, што значи е зголемен влезот на оние, дел од нив секако, можеби и се враќаат и од годишни одмори од Јадранското крајбрежје, меѓутоа еден добар дел се и иселеници кои во летниот период се враќаат традиционално во државата“, рече Сузана Прањиќ Талевска, портпарол на МВР.

Од Авто-мото сојузот информираа на зголемен сообраќај на граничните премини, за што за влез и излез од државата се чека и до 45 минути.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button