МАКЕДОНИЈА

Левица на Апасиев со сите механизми против законот за државјанство

Партијата Левица ја продлабочува борбата против предлог-законот за државјанство. Пратениците денеска соопштија дека ќе предложат измена на Кривичниот законик со предлагање одредба што предвидува санкционирање на злоупотребата на европското знаменце.. Тие најавија кривична пријава против официјалниот предлагач на законот, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Алијанса за Албанците и Алетрантива ја оценуваат кампањата на Левица како националистичка и иредентистичка. Според Скендер Реџепи, следната недела ќе биде одобрен Законот за државјанство, со што ќе се стави крај на долгогодишните проблеми на лицата без државјанство.

„Мал политички субјект како Левица, кој се храни себе си и своето мало гласачко тело со национализам, нема да оди доволно далеку. Тие имаат морална, човечка, но и демократска обврска да ги кажат своите забелешка во Законот за државјанство. Поради фактот дека тие воопшто не го прочитале и се занимаваат само со реторика, ова нема да помине. Ќе се донесе законот за државјанство. Утре е на дневен ред“, рече Скендер Реџепи, пратеник на АА-Алтернатива.

Во четврток се очекува Собранието да ја одобри потребата од донесување на предлог-законот за државјанство. Неофицијално, состанокот на Комисијата за европски прашања ќе биде свикан следната недела, додека усвојувањето на законот се очекува на последната седница на јули.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button