ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

НЛБ Банка АД стана Генерален спонзор на сениорската машка репрезентација на Македонија на претстојното Европско првенство

Со годишниот договор за соработка и спонзорство, Банката ќе го краси спортскиот дрес на одбојкарите за време на Европското првенство кое ќе се одржи од 1.09 до 19.09. но и на сите останати натпревари на кои ќе учествува сениорската машка репрезентација на Македонија во период од една година.

„Да се биде Генерален спонзор на машката сениорска репрезентација претставува огромна чест и привилегија, особено што за неколку месеци ќе ги браниме боите на нашата земја во европско друштво. Кога имате два победнички тима, успехот е неизбежен, а ние од срце веруваме во нашите момци со кои соработката ја отпочнавме уште пред неколку години и во континуитет ја градиме меѓусебната доверба – рече Антонио Аргир, претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје.

Од одбојкарската федерација се заблагодарија на поддршката.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button