МАКЕДОНИЈА

Левица: Нашите пратеници не го блокираат законското решение за неделa неработен ден

Политичката партија Левица ги демантира тврдењата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска која на вчерашната прес-конференција изјави дека Законот за недела неработен ден се блокира од страна на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Левица.

– Во немоќ да ја оправдаат својата неспособност, СДСМ во неколку наврати безобразно манипулираат дека Левица ги блокира измените за воведување за недела неработен ден. Ја известуваме јавноста дека се работи за предлог-законско решение кое сè уште не е ставено на дневен ред во Собрание, додека нашите пратеници не се дел од матичната Комисија – па оттаму, се работи за уште една лага на делегитимираната владејачка клика. Јасно е дека СДСМ намерно го пролонгира ветувањето, кое требаше да стане реалност од први октомври, како што најави претседателот во оставка, Зоран Заев, се вели во соопштението од Левица.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button