ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Лидерите на опозицијата не присуствуваa на прославата на ДУИ

Ниту еден опозициски лидер или нивен претставник не дојде на прославата за 20-годишнината на ДУИ, иако беа поканети. Опозициските лидери потврдија дека нема да бидат дел од прославите. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека не е време за прослави.

Албанските политички партии во опозиција не сакаа да коментираат, но рекоа дека средствата за овие прослави треба да бидат наменети за други цели.

„Имам многу попаметни работи отколку да одам да славам“, рече Билал Касами, претседател на движењето Беса.

„Тие го изгубија контактот со реалноста како резултат на долговечноста на власт. Не знаеме што слават“, рече Елми Азири, Алијанса за Албанците.

Но, од ДУИ велат дека не се загрижени за оценките на опозицијата.

„Не ни е гајле дали сме фаворити на некоја политичка партија, ние сме одговорни пред граѓаните. Се додека ја имаме поддршката од граѓаните, ДУИ ќе биде „кингмејкер“ на политичката сцена на земјата“, рече Аребр Адеми, ДУИ.

ДУИ три дена по ред организираше прослави по повод 20-годишнината од своето постоење. Се верува дека концертите чинеле десетици илјади евра, но точната цена не беше потврдена. Средствата рекоа дека се од донатори.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button