ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дисциплински мерки против 30 полицајци кои работат на граничниот премин Блаце

30 полицајци стационирани на граничниот премин „Блаце“ ќе бидат казнети со дисциплински мерки поради намерно расипување на камерите. Како што објави Алсат – уште во април полицајци снамерно уништилеа мобилни камери за да се избришат траги за можна корупција и злоупотреба на службената положба. Од МВР за Алсат информираат дека одговорноста на полицајците е потврдена, а соодветната Комисија работи на мерките. За петмина полицајци се бара мерка за надомест на штета.

„Во постапката се 30 дисциплински мерки поради непостапување врз основа на Стандардната оперативна процедура за користење на мобилниот систем за снимање. Утврдено е дека 30 полициски службеници постапиле спротивно на одредбите од Колективниот договор. Се предлага барање за надомест на казна од 5 полициски службеници и раководители на смени на граничниот премин „Долно Блаце“, велат од МВР.

Истрагата за уништувањето на телесните камери дојде по скандалот со поткуп на граничниот премин Блаце, каде двајца полицајци беа пријавени за примање поткуп, дело што беше докажано преку видео снимката што ја објави емисијата „Стоп“.

Пријавите на двајцата полицајци Елхам Шкрета и Зилбехар Ракипи заглавија во Јавното обвинителство, а од обвинителството немаат одговор дали ќе одговараат за злоупотреба на службената положба. За поткуп, Кривичниот законик предвидува 5-10 години затвор.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button