ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Лицата со посебни потреби на протест пред Владата

Со инвалидски колички, стапчиња за слепи, и придружници, лицата со посебни потреби протестираа пред Владата. Бараат зголемување на приходите за 78 отсто, колку што функционерите си ги зголемиле платите.

Advertisements

Бараат формирање на институција Народен правобранител за лица со посебни потреби, образовни асистенти за лица со посебни потреби, програма прилагодена на потребите на учениците од оваа категорија, како и ортопедски помагала. Од локалната самоуправа бараат соодветни паркинзи, пристапни патеки за лицата со оштетен вид и телесен инвалидитет, детски игралишта и слично.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button