ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Локалните избори и враќање на довербата кај граѓаните, предизвик за СДСМ

Локалните избори и враќање на довербата кај граѓаните, предизвик за СДСМ

На годинаипол до одржувањето на локалните избори, после големиот пораз на претседателските и парламентарни избори СДСМ е пред голем предизвик, дали ќе може да ја врати довербата кај граѓаните и пред се меѓу гласачкото тело. Дополнително партијата е пред избор на нов претседател. Еден од кандидатите, Александар Бајдевски вели дека локалните избори за партијата ќе бидат предизвик. Но оти треба СДСМ идеолошки и органициски да се засили, и да ги понуди најдобрите кандидати.

„Да дадеме можност на нашето членство непосредно да ги избира своите кандидати за градоначалници и сметам дека така ќе дојдеме до луѓе кои ќе произлезат од базата, кои ќе бидат силни афтоиритети и ќе ги понудиме на граѓаните за локалните избори. Јас во чуда неверувам. Треба многу работа. Ние имаме многу слаб резултат. Имаме членство кое е ниско мотивирано, кое е разочарано и со право се чуствува напуштено. На сето тоа треба да работиме и за тоа треба време“, рече Александар Бајдевски-кандидат за претседател на СДСМ.

Славјанка Петровска вели дека е многу важно сите во СДСМ со работа да се зафатат веднаш, без никакви одлагања, сфаќајки ја пораката од последните избори.

„Јас не велам дека СДСМ може да биде веднаш и преку ноќ победничка партија, меѓутоа може значително да го подобри резултатот кој го имавме на овие избори. Но затоа треба во периодот кој престои да имаме малку повеќе работа,да се зафатиме со коренити промени и да дадеме се од себе, секој еден од нас да го вратиме членството во партијата,а дискусиите да бидат во партијата, бидејки само на тој начин можеме да дојдеме до најдборите решнија и одлуки за СДСМ“, нагласи Славјанка Петровска-кандидат за претседател на СДСМ.

Венко Филипче вели дека предлага демократизација на изборите и во оптинските организации со цел враќање на довербата во СДСМ.

„Овие изборни резултати ја клекнаа партијата на колена.Некој го поставува прашањето дали СДСМ ќе опстои, а една од главните причини зашто се кандидирам е затоа што верувам дека не само што СДСМ ќе опстои туку повторно ќе биде победничка партија“, изјави Венко Филипче-кандидат за претседател на СДСМ.

Јован Деспотовски вели дека СДСМ се наоѓа во многу лоша ситуација и затоа има потреба за нов почеток.

„Предвидуваме еден нов механизам, преку кој СДСМ ќе делува како опозиција. Ќе формираме влада во сенка, која ќе даде опција на граѓаните, да размислуваат и споредуваат. Ќе бидеме конструктивна опозиција и нема по секоја цена да критикуваме. Ќе бидеме остри критичари на сите практики, политики и чекори, кои ќе значат отстапување од сите врендости за кои се бориме“, рече Јован Деспотовски-кандидат за претседател на СДСМ.

Внатрепартиските избори во СДСМ се закажани за 30-ти јуни./Алсат.мк

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button