ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Лоранс Бун: Македонија има свое место во Европската Унија

Францускиот државен секретар за Европа, Лоран Бун, денеска изјави дека Франција секогаш ја поддржувала и ќе продолжи да ја поддржува Република Северна Македонија на нејзиниот пат кон европската интеграција.

„Франција секогаш била присутна во најважните моменти на Македонија. Но, ова не е доволно за зајакнување на нашето пријателство, ние сакаме да ги зајакнеме нашите односи. Работевме заедно за да ги отвориме европските перспективи. Северна Македонија има свое место во Европската Унија, ќе ве поддржиме во наредниот период за да го добиете заслуженото место… Полноправното членство во ЕУ во 2030 година не е невозможно, но треба да се работи, вклучително и тоа што премиерот го спомена, уставните измени“, рече Бун.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button