ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Магла на неколку патни правци низ државата

Магла утринава има на неколку патни правци низ државата поради што е намалена видливоста, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

Од 10 до 20 метри видливоста е намалена на патните правци Битола – Прилеп и Македонски Брод – Кичево, од 40 до 50 метри на патниот правец Скопје – Тетово, од 80 – 100 метри на патот Кочани – Виница и Кочани – Македонска Каменица, од 50 до 100 метри на патните правци Скопје – Велес и Велес – Скопје и од 100 до 150 метри на патниот правец Куманово – Скопје.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button