СПОРТФУДБАЛ

Гвардиола: Hема да останам како Алекс Фергусон или Арсен Венгер

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, објави кога ќе го напушти клубот. Шпанецот неодамна потпиша нов договор до 2025 година. Кога ќе исполни, ќе направи точно девет години на „Итихад“.

„Во моментот кога ќе почувствувам дека нешто е скршено, ќе си заминам или нема да потпишам повторно. Постојано велам дека нема да останам како Алекс Фергусон или Арсен Венгер. Договорот е само на хартија. Повторно потпишав бидејќи јас чувствувам дека сѐ уште можеме да играме добар фудбал. Но, на крајот резултатите се важни. Ако се заситиме едни од други, нема да го исполнам мојот договор”, изјави Гвардиола.

Манчестер Сити се обидува и оваа сезона да ја одбрани титулата во Премиер – лигата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button