КОШАРКАСПОРТ

Лејкерси со победа ја завршуваат годината, Њу Орлинс и Денвер први на Западот

Лос Анџелес Лејкерси продолжија со играта „топо-ладно“, но ноќва се радуваа на победа на гостувањето кај Атланта Хоукс (121-130). На средбата во „Стејт Фарм Арена“, неверојатна партија имаше Леброн Џејмс, кој својот роденден го зачини со блесок и една асистенција го делеше од моќен „трипл-дабл“ ефект. Сепак, „Кралот“ успеа да го поведе својот тим до победата на ова незгодно гостување. Атланта влезе подобро во натпреварот, го контролираше резултатот во текот на целото прво полувреме и имаше и двоцифрена позитива. Во продолжението, Лејкерси полека направија пресврт, за на крајот да се радуваат. Леброн одигра „кралска“ партија, уфрли 47 поени, фати десет скока и подели девет асистенции, засенувајќи го Тре Јанг на спротивната страна кој финишира со 29 поени.

Денвер Нагетси се вратија на победите, на домашен паркет против Мајами Хит (124-119). Расположените Тајлер Хиро (26 поени, десет скока) и Бам Адебајо (22 поени, седум скока), не успеаја да ги поведат „жешките“ до победа во Колорадо. Колдвел Поуп беше најдобар поентер кај Денвер со 20, меѓутоа одново Никола Јокиќ блесна со „трипл-дабл“ од 19 поени и по 12 скока и асистенции.

На останатите терени Торонто го совлада Феникс (113-104), Чикаго беше подобар од Детроит (132-118), Милвоки триумфира со Минесота (123-114), Њу Орлеанс слави против Филаделфија (127-116), Голден Стејт се радуваше со Портланд (118-112) и Сакраменто минимално ја победи Јута (126-125). Единствената гостинска победа освен таа на Лејкерси ја имаше Вашингтон во Орландо (100-119)./Gol/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button