СПОРТ

Мајами, комплетирани полуфиналните двојки кај дамите

По триумфот над најдобрата светска тенисерка, Ига Швјонтек, pусинката Екатерина Александрова  ја совлада и петтата носителка Џесика Пегула со 3-6, 6-4, 6-4 и се пласира во полуфиналето на ВТА Мастерс турнирот во Мајами.

Ова е второ Мастерс полуфинале за Александрова, по Мадрид во 2022 година. Клучен момент на мечот со Пегула беше брејкот во деветтиот гем од третиот сет, кога Александрова со агресивна игра ја разби фаворизираната противничка.

Александрова во полуфиналето ќе се сретне со Даниел Колинс, која ја исфрли Каролин Гарсија. Тој меч се игра од  01:30 часот по средноевропско време, ноќта меѓу четврток и петок. Во првото полуфинале се среќаваат Викторија Азаренка и Јелена Рибакина, во четврток од 20:00 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button