ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Македонија без правна основа за смртна казна

Додека јавноста бара смртна казна за сторителите на убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска, експертската јавност потсетува дека нашите закони тоа не го дозволуваат. Македонија има потпишано низа европски конвенции кои ја третираат оваа област. Професорот по безбедност, Стефан Буџакоски вели дека и во светски рамки се тежнее смртната казна да се заменува со доживотен затвор.

Advertisements

„И мислам дека е доволна таа казна. Доживотен затвор за ова кривично дело, односно членот 127 кој го регулира убиството, ставот 2 вели дека може да се изрече најмалку 10 години, односно доживотен затвор за кривични дела извршени под одредени околности. Околостите се подмолен начин, убиство на дете. Убиство на две лица или повеќе, тоа е тешка форма на убиство и може врз сторителите да се изрече доживотен затвор, како што е во конкретниот случај“, рече Стефан Буџакоски-професор по безбедност.

Според Буџакоски после овој случај, неопходна е поголема контрола од страна на полицијата пред училишните објекти, но и систематска контрола врз сите структури во општеството. Психологот Љупчо Кевероски пак, вели дека оправдан е стравот и кај граѓаните и кај институциите од ваквите случаи на насилство бидејќи се соочуваме со непредвидливи поединци.

„Навистина треба да бидеме потрезвени и поорганзиирани на институционално ниво, на семејно ниво, на индивидуално ниво. И она што е моја препорака, многу побрза интервенција без оглед на тоа во кои служби се работи и одредена сигнализација за преземање на слична и адекватна помош“, рече Кевероски.

Кевероски додадава дека ваквите постапки би придонеле да се превенираат и да се спречат вакви трагедии во иднина.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button