МАКЕДОНИЈА

Македонија не ја сака руската вакцина за Ковид-19, ќе чека европска


Вакцината против коронавирусот за која првично се веруваше дека ќе бидат потребни години за да се создаде, се чини дека ќе стане достапна многу порано. Многу држави, вклучително и Северна Македонија, започнаа со испитување на механизмите како да ја добијат вакцината на Оксфорд, но откако ќе стане достапна. Од Министерството за здравство за Алсат велат дека земјава која уште не е членка на ЕУ, не може да се снабдува директно од производителот, туку мора да купи од држави кои први ќе се снабдат. Она што е досега познато е дека граѓаните вакцината ќе ја добијат бесплатно.

„Едниот е механизмот Ковацс преку СЗО и Алијансата за имунизација. Земјите-членки на Европската унија потпишаа билатерални договори со компанијата што работи на вакцината Оксфорд „Астра Зенека“. Во меѓувреме, добивме понуда од Полска да обезбеди соодветно количество и за нас затоа што нема да имаме можност за билатерален договор. Конечно, преку двата механизма, ќе се осигураме дека вакцината е достапна за нашите граѓани, бесплатно“, велат од Министерство за здравство.

Колку дози на вакцината ќе успеат да се обезбедат и колку всушност се потребни? Колку буџет треба да се одвои за нивна набавка? По која цена државата ќе ја купува вакцината? Кога се планира да започне процесот на вакцинација и која категорија граѓани ќе се вакцинираат први? Колку пати треба да се вакцинира еден граѓанин? Ова се некои од многуте прашања за кои засега Министерството за здравство нема одговор. На прашањето дали стравуваат дека некои од граѓаните ќе се спротивстават на вакцинацијата, министерот Филипче изјави дека сега свеста кај граѓаните е поголема и присуството на болеста ги тера да ја разберат важноста од примањето на вакцината.

„Мислам дека сега кога постои болест за која нема вакцина луѓето стануваат свесни колку е важна вакцинацијата. И мислам дека нема да има апсолутно никаков отпор како што имаше во минатото затоа што болеста е присутна. Свесни сме за нејзината тешка форма кај некои пациенти“, изјави Венко Филипче, Министер за здравство.

Првиот случај на коронавирус во Македонија беше регистриран на 26 февруари. Оттогаш, во нашата земја се заразија 13.194 лица, од кои 118 во последните 24 часа. Од вирусот досега починаа 554 граѓани, меѓу кои тројца синоќа. Се работи за 64-годишник од Тетово, 74-годишник од Струга и 84-годишник од Штип. Во текот на изминатите 24 часа, 124 пациенти ја добиле битката со вирусот со што бројот на излечени достигна на 9.752. Бројот на активни случаи е 2.888.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button