РЕГИОН

Илјадници мигранти на Лезбос третата ноќ под отворено небо

Илјадници мигранти и бегалци кои останаа без покрив над главата поради пожар во прифатниот камп на островот Лезбос, третата ноќ ја поминаа на отворено.

Обидувајќи се да се заштитат од топлината што преовладува преку ден и од значително пониските температури во текот на ноќта, некои од нив имаа на располагање шатори и вреќи за спиење, додека други можеа да користат само ќебиња или трска што ги исекоа за таа намена.

Грчките власти соопштија дека пожарот, кој избувна во преполниот камп две последователни ноќи, всушност го започнаа некои негови жители кои беа бесни поради мерките за изолација, воведени откако 35 лица сместени во тој објект беа позитивни на коронавирус.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button