ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Македонија во Службен весник објави лични податоци на 15 осомничени терористи

С Македонија е единствената земја од регионот и пошироко која со одлука на Владата објави списокот на лица инволвирани во рестриктивни финансиски мерки. Одлуката на Владата за спроведување на рестриктивни мерки против 15 граѓани на државава осомничени за тероризам е со цел да се спречи нивна активност во финансирање терористички акти и нејзино ширење преку различни идеологии. Во одлуката објавена во Службениот весник се истакнати имињата, личните податоци, местата на живеење, можните злосторства и периодите кога ја напуштиле земјава за да се приклучат во формациите на ИСИС и војната во Сирија.

Осомничените ќе бидат под лупа на Дирекцијата за финансиско разузнавање, при што неодредено време немаат можност за парични трансакции, продажба и купување имот, поседување имот, директно или индиректно доверување имот на друго физичко или правно лице, отуѓување имот и забрана за користење на деловни објекти.

ДржавјанинГодина на раѓањеАдреса
Фадил Рустеми1972Скопје
Азем Љатифи1990Скопје
Амир Исмаили1990Скопје
Орхан Рамадани1991Скопје
Орхан Дерала1986Гостивар
Фитим Рамадани1991Куманово
Бесим Шаќири1994Скопје
Садула Жупани1965Гостивар
Елмир Авмедовски1983Струга
Емир Исени1995Скопје
Јетмир Исмаили1994Скопје
Адем Камбери1992Скопје
Нусрет Аметов1996Скопје
Абдурахман Бела1996Скопје
Сулејман Идризи1989Куманово

 

Владата не даде објаснување дали објавувањето на личните податоци, обвиненијата за кои се гонат и давањето на нивната адреса на живеење директно влијае на безбедноста и на интегритетот на нивните семејства. Огромното мнозинство од нив заминале во 2014 и 2015 година. Граѓаните чии имиња се објавени не се знае дали се сè уште во преостанатите воени жаришта, дали се преселиле во други земји или се убиени.

Но, она што се знае е дека се недостапни за органите на прогонот. Владата во одлуката вклучи и оперативни податоци, а ги потенцираше и последните излегувања од конкретни гранични точки на лицата осомничени за тероризам. Нивните обвиненија се за учество во војни и паравоени формации во странство, финансирање и мотивирање учество во војни во странство, ширење и пропагирање на џихадистичка идеологија преку социјалните мрежи и засолнување на лица осомничени за тероризам.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button