ФУДБАЛ

Македонските фудбалери на 25 март ги започнуваат квалификациите за СП „Катар 2022“

Репрезентацијата на Македонија во фудбал, на 25 март ќе ги започне квалификациите за Светското првенство во „Катар 2022“, а првиот натпревар ќе го има на гости против Романија. Потоа следуваат натпреварите со Лихтенштајн и Германија, со што завршуваат квалификациските натпревари за март. Селекторот Игор Ангеловски се уште не ги открива имињата на играчите, а неговиот романски колега, Мирел Радои, го објави списокот со 23 играчи пред натпреварите со Македонија, Германија и Ерменија. Само фудбалерите кои играат во европските првенства се најдоа на списокот на Радои, и се гледа дека нема фудбалери од романскиот шампионат. Романските медиуми јавуваат дека Радои не експериментирал многу и се потпирал само на силите на добро познатите романски фудбалери.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button