РАКОМЕТСПОРТ

Македонските ракометари елиминирани од светското првенство

Македонската ракометна репрезентација беше поразена од Белорусија со 30:26 со што е елиминирана од Светското првенство во Египет, каде дојде како замена за Чешка. Во последниот дуел, Македонија добро се претстави во првото полувреме, додека беше спротивното во продолжението. Избраниците на Данило Брестовац беа рамноправни со противникот до 40 – та минута, со резултат 20:20, додека противникот ги искористи грешките на Македонија за да го зголеми водството на 24:20, а исклучувањето на Кузмановски, го одреди победникот. Така, Македонија го заврши настапот на овој мундијал со само една победа и тоа над Чиле и порази од Египет и Шведска во првата фаза, Словенија, Русија и Белорусија, во главната фаза.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button