СПОРТ

Македонските ракометари утре ја започнуваат новата сезона

Македонската ракометна репрезентација, утре ќе ја започне новата сезона, со првиот собир на ракометарите. Селекторот Данило Брестовац ќе го искористи овој слободен простор од Меѓународната ракометна федерација за да ги собере и тестира новите сили, бидејќи на списокот од 23 ракометари недостасуваат искусни ракометари како Стоилов, Манасков, Ристовски и Георгиевски. Македонија нема да биде дел од Светското првенство во Египет и селекторот Брестовац ќе ги тестира новите сили во пресметката со репрезентацијата на Чиле, која моментално се наоѓа во Скопје. Собирот на ракометари е закажан за утре, во 12 часот, во хотелот „Александар Палас“

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button