ЕКОНОМИЈА

Реализирани 82 отсто капитални инвестиции, вели Бесими

Владата се пофали дека реализирала 82 отсто од вкупно планираните капиталните инвестиции за 2020 година. Но, дури една четвртина од овие иневстиции или 25 отсто од нив биле реализирани во последниот месец од годината, додека за првите 11 месеци реализацијата била само 56,4 осто. Министерот за финансии Фатмир Бесими не одговори конкретно како е можно да има толкав раст на инвестициите во последниот месец од годината и кои планирани проекти биле завршени.

„Ова е заложба и придонес на тие административни службеници што дадоа се од себе зборувам за тие од финансии што не се тука со нас тимот. Тие до 31 декември во вечерните часови во трезор работеа додека некој почна со домашните слави тие работеа во министерството. Овие 82 проценти се поради тоа што се јавувавме на телефон разговаравме со сите буџетски корисници јас како министер, заменикот, советниците во министерството службениците премиерот лично и сите други раговодители на институции“, рече Бесими.

За премиерот Зоран Заев реализацијата на буџетот од претходната година била одлична со оглед на кризата. 2021 е година на заживување и рестарт на економијата.

„Владата согледувајќи ја долго оваа потреба долг период работи на создавање на услови и претпоставки како би можеле самиот излез од кризата да го искористиме како неповторлива и уникатна можност за еден економски квантен скок се со конечна цел да се искористат нашите предносите и потенцијали“, рече премиерот Заев.

Во државната каса лани по основ на даноци лани се слеале 3,2 милијарди евра или 96,7 осто од вкупно планираното. Државата потрошила 3,9 милијарди евра вкупно 96,4 осто од планираноот. Буџетска дупка изнесува 876 милиони евра што е 8,1 отсто од БДП.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button