ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Опаѓа бројот на случаи со „Ковид-19“ во тетовско

Бројот на лица заразени со вирусот корона минатата недела во Тетово и пет општини во околината, е намален за околу 50 проценти, вели раководителот на ковид центарот во тетовската болница, Гзим Нуредини. Според него, намален е и бројот на хоспитализирани пациенти. Од 50 хоспитализирани сега има 23 пациенти.

„Пред три недели, бројот на пациенти кои доаѓаа во центарот беше 60 или 70, а сега од 20-30, а повеќето доаѓаат само на консултации. Маските што ги користиме, но и мерките дадоа извонредни резултати, и имаме мал број на нови пациенти со ковид“, вели Нуредини.

Сепак, лекарите очекуваат зголемување на бројот на нови случаи по празниците поради гужвите, но и намалување на бројот на тестирања. Од денес се вратија и гужвите пред банките. Десетици граѓани има пред скоро сите банки во Тетово, чекаат да добијат пензии и помош издадена од Владата.

„Чекаме од 11 часот, тогаш го добив бројот. „Уморни сме од чекање, малтретирање е ова, ништо друго“…

„Чекам час и половина, сите чекаме, и ќе почекаме, што да правиме?, реагираат жителите.

Инаку, Секторот за внатрешни работи Тетово информира дека во текот на последните 24 часа, во Тетово и Гостивар за неносење маски и непочитување на мерките, казнети се вкупно 58 лица.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button