МАКЕДОНИЈА

Малите партии во владата се закануваат со растурање на коалицијата ако Скопје го прифати францускиот предлог

Владејачките партии ги повикуваат граѓаните да протестираат против францускиот предлог. Павле Трајанов од Демократскиот сојуз, како единствен пратеник од оваа партија ги повика граѓаните да излезат и да протестираат, пртоив предлогот. Доколку Владата го прифати овој предлог, ќе го напушти мнозинството.

Advertisements

Со ваква постапка се заканува и Либерално-демократската партија на Горан Милевски, која одлучи доколку се прифати францускиот предлог, ќе ја напушти Владата.

„Извршниот комитет на ЛДП го отфрли францускиот предлог. Бараме истото да се даде на разгледување на министрите и пратениците. Очекуваме сите да го отфрлат. Ако францускиот предлог биде прифатен во оваа верзија како што е сега, Извршниот комитет одлучи ЛДП да ја напушти Владата“, рече Милевски.

За напуштање на Владата се и од ДОМ на Маја Морачанин, која во Собранието е претставена со еден пратеник како дел од мнозинството. Демократскиот сојуз, Либерално-демократската партија и Демократската обнова на Македонија имаат вкупно 4 пратеници. Нивното напуштање го остава мнозинството со 60 пратеници, кое би можело да продолжи да функционира додека не се распушти Собранието.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button