ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мандатарот Ковачевски утре ќе го предложи новиот кабинет

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски утре до Собранието ќе ги предложи новиот кабинет и владината програма. 90 проценти од кадрите на СДСМ се нови имиња, додека од сегашните министри остануваат само четворица, меѓу кои и Љупчо Николовски, за кој се дознава дека е предложен за министер за земјоделство.

Од редовите на Алтернатива, врз основа на договорот Заев-Гаши, за министер за здравство ќе биде предложен Беким Сали, во Министерството за информатичко општество и администрација оди Адмирим Халити додека Џемаил Чупи ќе биде министер без ресор одговорен за дијаспората. Од редовите на ДУИ, функцијата ја менува само Јетон Шаќири, кој се очекува да биде предложен за министер за образование, а досега беше министер за информатичко општество и администрација.

Горан Милевски се чини ќе остане министер за локална самоуправа, додека Демократската партија на Албанците, како дел од Владата, нема да има министерско место. Собраниската седница се очекува да се одржи во сабота и недела, односно на 15 и 16 јануари, а гласањето се планира за в недела. Следниот ден Владата предводена од Димитар Ковачевски и официјално ќе почне со работа. На 18 јануари тој ќе го пречека својот бугарски колега Кирил Петков.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button