ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Маричиќ- напорите на Макрон се искрени, но да не лицитираме со датуми

Франција е многу важна држава членка на ЕУ без која не може да се утврди крупна политика во проширувањето, тоа го видовме и осетивме на своја кожа во 2019 година. Сметам дека напорите на претседателот Емануел Макрон се искрени. Тие помагаа и досега, заедно со Германија и други фактори, но тоа не значи дека проблемите ќе ни ги реши некој друг, туку дека треба да имаме амбиент во кој ќе имаме европско решение базирано на европски вредности, изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „Утрински брифинг“.

Според Маричиќ, тоа што е важно и добро, е што Франција, која во минатото често ја избегнуваше темата за проширувањето, денес има појасна, поотворена и поамбициозна политика кон Балканот. Вицепремиеро, исто така, најави дека во текот на денот ќе има средба заедно со премиерот Ковачевски со францускиот амбасадор, а наскоро ќе замине и во посета на Париз со министерот Османи, за дискутирање на нивните приоритети и како Франција може да помогне во овој процес.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button