ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Новото мнозинство остана без мнозинство во собраниската Комисија за избори и именувања

Со нова блокада во работењето, според информации на „360 степени“, се соочува собраниската Комисија за избори и именувања, преку која поминуваат сите кадровски решенија чиј избор е во надлежност на законодавниот дом.

Тоа е една од причините поради кои Собранието се уште не може да утврди предлози за нови уставни судии, иако Уставниот суд овој месец остана и без четврти член и сега работи со само пет судии.

Комисијата за избори и именувања не само што нема претседател, туку и мнозинството во неа засега го има собраниската опозиција. Поточно, ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата за Албанците имаат шест члена во оваа Комисија исто колку и СДСМ и ДУИ, но клучниот (седми) глас го има доскорешниот потпретседател на парламентот Фадил Зендели – од редовите на Беса, која, пак, премина во опозиција.

До блокадата на ова собраниско тело дојде по локалните избори, чии резултати се одразија и на централната власт, така што во меѓувреме Беса излезе од Владата, а Алтернатива стана дел од новото парламентарно мнозинство.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button