МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Резултатите по првиот круг не се во рамки на очекувањата, но веруваме дека расположението се менува

Резултатите по првиот круг од локалните избори не се во рамки на нашите очекувања, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, министерот за правда од редовите на СДСМ, Бојан Маричиќ. Сепак, како што оценува тој, работата е сѐ уште далеку од изгубена.

„Имаме водство во 25 општини за вториот круг, имаме 9 освоени градоначалници, веруваме, од работата на терен, дека расположението се менува и дека пораката од граѓаните е прифатена. Работиме на мобилизација и на нашето членство и на симпатизерите, но и на сите слободоумни граѓани“, вели Маричиќ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button