ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Судските реформи клучни за забрзување на евроинтеграциите

Објаснувачкиот скрининг состанок за Поглавје 23, „Правосудство и фундаментални права“, од Кластерот „Темели“, го одржуваме во вистинско време, бидејќи ќе ни даде насока за правилно да ги планираме идните активности и реформите во правосудството, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на состанокот во Брисел.

-Се спроведува Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 година и се подготвува нова.
Во тек е дигитализација на судството, а неколку дигитални услуги за граѓаните се достапни на националниот портал за е-услуга. Се работи на интероперабилност за електронска размена на податоци меѓу 86 институции, а за постигнување поголема судска транспарентност, Судскиот совет го усвои Акциониот план за отворено судство 2021-2023 година, напиша Маричиќ на официјалната Фејсбук страница.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button