Барселона има сериозни дефанзивни проблеми, бидејќи само во Ла Лига лига веќе прими 33 гола. Токму ова е причината поради која раководството на клубот на лето ќе разгледува опции за ангажман на централен дефанзивец. Шпанските медиуми тврдат дека носењето на Марио Хермосо од Атлетико Мадрид е врвен приоритет на лето.
Чави проба неколку различни централни дефанзивци оваа година, а во последните неколку натпревари стартер е 17-годишниот Пау Кубарси.