ЗДРАВСТВО

За пет дена во Скопје аплицирани три пати повеќе ДиТеПер вакцини од истиот период лани

Вкупно 1421 дози вакцини ДиТеПер се аплицирани во Скопје за пет дена, покажуваат податоците што од системот „Мој термин“ ги доби Радио Слободна Европа, откако Комисијата за заразни болести препорача во Скопје да се прогласи епидемија на голема кашлица и градинките да не примаат невакцинирани деца.

Ова се аплицирани вакцини од 7 февруари, денот кога Комисијата препорача прогласување епидемија, до вчера, 12 февруари. Тоа се трипати повеќе вакцинирани деца во споредба со истиот период минатата година (7.2.2023-12.2.2023), кога во скопските диспанзери биле аплицирани 385 дози ДиТеПер, комбинирана вакцина која штити од бактерии предизвикувачи на три различни болести – дифтерија, тетанус и пертусис (голема кашлица).

Според податоците од „Мој термин“, во истиот период во Скопје се зголемил и бројот на деца што ја примиле вакцината ММР (морбили, рубеола и паротит). Од 7 до 12 февраури се аплицирани 194 дози, во споредба со 166 дози алицирани за истите пет дена во минатата 2023 година, на територијата на Скопје.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button