ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Маските ќе се укинат и за средношколците

Маските ќе се укинат и за средношколците

Маските ќе се укинат и за средношколците. Предлогот на Комисијата за заразни болести мора да помине на една од владините седници. Во меѓувреме, основците од денеска тргнаа на училиште без маски и не криеја дека се среќни од ваквата одлука.

Да, полесно, многу полесно.
Дали ти е мило што не мора повеќе да ја носиш маската?

Да.
Од денеска не носиме маски, се чувствуваме послободни, можеме да дишеме послободно и подобро е без маски.
Од денеска не сте обврзани да носите маски.

Знам, но јас носам.

Дали ти стана навика?

Се чувствувам побезбедно, навика. Само јас носам на час.

Дали носеше маски порано?
Да.
Да, разумно беше да ги носиме, за наша заштита и за безбедноста на другите, дефинитивно моравме да ги носиме.
Сега почнавме да ги тргаме, вака ни е полесно.
Дали сè уште се плашите од вирусот?

Да, да, затоа што има многу ученици, некој може да е заразен.
Ме мачеше затоа што не можев слободно да дишам. Ги носевме до сега, но бидејќи ги укинаа како обврска, повеќе не ги носиме. Се израдував, бидејќи не можев да дишам.
Alsat.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button