СПОРТФУДБАЛ

Селекторот Милевски задоволен од играта, разочаран од резултатот

Селекторот Милевски задоволен од играта, разочаран од резултатот

Фудбалската репрезентација на Македонија не успеа да се пласира на Светското првенство „Катар 2022“ откако беше поразена од Португалија со 0-2. Сениорскиот тим со сите сили се обидуваше да направи уште едно чудо после победата над Италија, но Португалија не дозволи изненадувања и оправда дека е фаворит. Тренерот Милевски беше задоволен од играта, но разочаран од резултатот.

Милевски и стручниот штаб сметаат дека оваа генерација има потенцијал и квалитет за постигнување понатамошни резултати, не заборавајќи на главната цел, поставена од Фудбалската федерација на Македонија.

Следните предизвици на Македонија ќе бидат во Лигата на нации во групата Ц, каде во јуни ќе ги одмери силите со репрезентациите на Бугарија и Гибралтар.

Махир Тачи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button