ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Матичните лекари на работа и по годините за пензионирање

Матичните лекари на работа и по годините за пензионирање

Таа има 67 години, а требаше да се пензионира пред 3 години. Но, Сафјане Белчишта продолжува да работи во својата ординација бидејќи нема кому да му ги остави 3.000-те пациенти за кои таа се грижи 3 децении.

„Овде сум од 94-та, сега имам 67 години, а требаше да се пензионирам на 64 години, пред 3 години… Почна дефицитот на матични лекари, и треба да се пензионирам, но имам 3.000 пациенти, за нив се грижам, со генерации, биле дедото, бабата, таткото, мајката, сега и децата и внуците…  Затоа сум принудена, но можам да работам, среќа што не сме концесионери, бидејќи на концесионерите им е определена возраста до 62-64 години. Ние што имаме ординации, надвор од концесионерите, можеме да работиме се додека имаме сила, додека можеме“, рече Сафјане Белчишта, матичен лекар во пензија.

Од Лекарската комора велат дека примарното здравство веќе почнало да се соочува со недостиг на кадар. Калина Старделова вели дека најголем дел од матичните лекари се на возраст пред пензионирање, додека младите немаат интерес да работат во примарното здравство.

Од Лекарската комора оценуваат дека се потребни политики кои ќе ги мотивираат младите да работат во примарното здравство, поточно да станат матични лекари./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button