ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тарвараи: Лога по втор сака да ги смени суддиите во тетовскиот суд

Тарвараи: Лога по втор сака да ги смени суддиите во тетовскиот суд

Шефот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, продолжува со обвинувањата против министерот за правда, Кренар Лога, за притисок врз Судот во Тетово со цел да се повлечат несаканите судии од оспорената постапка за сопственоста на партијата. Од почетокот на процесот до сега се сменети двајца судии кои, според Таравари, имале намера да донесат фер и законска одлука, но Лога извршил притисок за нивно повлекување.

„Едниот судија беше сменет пред седум- осум, а другиот судија беше назначен. Сега се прави голем притисок или барање од министерот Лога, барање за промена и на втората, а само пред три-четири дена и го дале предметот. Не знам колку судии ќе се сменат? Ако се избере третиот, ми се чини дека ќе побараат да го сменат и третиот, или ми се чини го бараат судијата кој им одговара. Но, нека не се замараат, бидејќи потоа ќе има жалба“, рече Арбен Таравари, претседател на АА.

На обвинувањата на Таравари реагираше и Лога, кој рече дека неговиот поранешен лидер на партијата е во заблуда и треба јавно да се извини. Лога рече дека барањето дошло преку адвокат и со конкретни причини.

„Арбен Таравари е или погрешно информиран, или е во целосна заблуда и за истото треба јавно да се извини. Во ниту еден момент и во ниту еден случај министерот за правда не побарал промена на судија, во ниту една судска постапка, барањето за промена на судии во редовна судска постапка е направено од страна на Алијансата за Албанците преку нејзиниот адвокат, со конкретни причини ”, изјави Кренар Љога, министер за правда.

Обединувањето со албанската опозиција на Арбен Таравари, ги обелодени поделбите во АА. Двете страни свикаа одделни конгреси. Едната страна го остави Таравари како претседател, а другата го врати Зијадин Села на чело на партијата. За сопственоста на партијата, печатите и просторите, предметот ќе добие епилог на суд./Алсат.мк
Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button