ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Експерти: Да не се поставуваат фотоволтаици на плодно земјоделско земјиште

Експерти: Да не се поставуваат фотоволтаици на плодно земјоделско земјиште

Во време кога дури 70% потребите од храна се од увоз, на плодни земјоделски површини низ државата, како што е Овче Поле или Пелагонија, се поставуваат фотоволтаици. Експертите велат дека строго треба да се внимава каде и на кои места се поставуваат ваквите системи.

„Особено онаа површина на земјиште која е од прва, втора или трета категорија, тоа е во цел свет строго забрането било што и да .да се прави на тие парцели, кои се од стратешко значење. Од четврта категорија па натаму тоа не е спорно.Јас слушам дека и за таа трета категорија се наоѓаат политички притисоци за користење“, рече Зоран Митрески-еклерт за енергетика.

Во време кога светот се соочува со климатска криза која го отежнува производството на храна, од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест бараат да не се гласаат законските измени со кои ќе се овозможи трајна пренамена на земјоделските земјишта во градежни земјишта за развој на обновливи извори на енергија.

„Недозволиво е поради заштита на интересите на приватни инвеститори да се нанесува огромна штета на државата, граѓаните и земјоделците на цели региони каде најголема економска дејност е производство на храна и локални заедници од страна на институции со цел овозможување на грабање на плодното земјиште во земјата. Тоа ќе ја ограничи намената на локации со плодна почва во државата за обезбедување на храна за населението“, велат од ЕКО СВЕСТ.

При непланска изградба на енергетски градби кои користат обновливи извори на енергија велат од таму, се забрзува константното намалување на плодните земјоделски површини, што значи ризик врз производството на храна, зголемен увоз на овошје и зеленчук со непознато потекло и следствено, поголеми трошоци за населението./Алсат.мк

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button