ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Медицинскиот факултет при Универзитетот на Тетово од април годинава го води доцент

Дали има прекршување на законот или не во врска со именувањето на  декан на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Тетово. На чело на овој факултет е Вегим Жаку, а АЛСАТ испрати прашања до Универзитетот на Тетово за начинот на избор на Жаку на оваа функција, како и за составот на Научниот наставнички совет кој ја одобрил одлуката, вклучително и Сенатот кој дал конечна согласност за овој избор.

Но, до сега нема одговор од Универзитетот. Според првичните информации, ни беше кажано дека ќе добиеме одговор во рокот предвиден со законот за информации од јавен карактер. Неофицијално дознаваме дека изборот бил околу април, а Вегим Жаку дисертацијата ја завршил дури пред 1 година и ја има само титулата доцент.

АЛСАТ во своите прашања бара појаснување дали биле исполнети  останатите критериуми дефинирани со закон, односно условот е избраниот да бил од редовите на редовните и вонредните професори.

Закон за високо образование, член 115:

„Деканот се избира од редовните и вонредните професори на факултетот, а доколку нема редовни и вонредни професори и од доцентите за период од три години, со право за уште еден избор, под услови утврдени со статутот на универзитетот“.

Од друга страна, АЛСАТ испрати прашања и до Државниот просветен инспекторат во врска со евентуалното испитување на постапката и зошто се избегнува законот со кој се санкционира дека приоритет имаат редовните и вонредните професори, а на крај оние кои се доценти, но секогаш со 3-годишното условување во случај да нема други со горенаведените звања.

Од нашиот увид на веб-страницата на Медицинскиот факултет забележуваме голем број професори со гореспоменатите звања како Атила Реџепи, Кастриот Хаџиреџа, Лутфи Зилбеари, Ќенан Ферати, Невзат Елези и други. Прашањето за Универзитетот и Инспекторатот се уште останува неодговорено.

Ден претходно АЛСАТ соопшти и за други прекршувања на овој факултет, особено за роднинските врски на професорите, не само роднински туку и сопружници и нивната политичка блискост. Според истражувањето, се покажало дека најголем дел од академскиот кадар се татко и ќерка, маж и жена итн. Не се знае дали просветниот инспекторат ќе постапи по својата службена должност по оваа информација што ја објави АЛСАТ, бидејќи одбиваат да одговорат на нашите прашања.

Ардит Рамадани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button